Доц. д-р Марјан Габеров, професор на Факултет за правни науки при ЕУРМ

Доказ за квалитетот на студиите на ЕУРМ се големиот број адвокати, судии, јавни обвинители...

Предметите кои се изучуваат на Факултетот за правни науки се концепирани на начин за да на студентите им ги обезбедат сите потребни знаења од областа на правото се со цел да се обезбеди конкурентност на странските пазари на труд. Предметите кои што се изучуваат на Факултетот за правни науки се усогласени со предметите кои што се изучуваат на најпрестижните правни факултети во светот, објаснува доц. д-р Марјан Габеров, професор на Факултет за правни науки при ЕУРМ

Доц. д-р Марјан Габеров е професор од областа на казненото право на Факултетот за правни науки при Европскиот Универзитет РМ. Забележителна е неговата ангажираност во рамките на Факултетот за правни науки и како соработник – асистент од потесната правна област, како и во едукацијата на идните правници.

Во пресрет на новата академска година, тој им ги претставува придобивките на сите оние идни студенти кои ќе се запишат на Факултетот за правни науки при Европски Универзитет Република Македонија.

- Структурално студиските програми на Факултетот за правни науки се организирани како студиски програми од прв и втор циклус на студии, каде што се профилираат кадри во согласност со најновите академски практики. Поврзувањето кое што настанува помеѓу теоријата и практиката е основен предуслов за профилирање на кадар кој што веднаш по завршувањето ќе може активно и рамноправно да се вклучи на пазарот на трудот. Многу значајно е тоа што завршувањето на студиските програми на Факултетот за правни науки им овозможува на студентите сигурна професионална иднина, преку нивно профилирање во судии, јавни обвинители, извршители, нотари, медијатори, вели Доц. д-р Габеров.

Според него, студиските програми и предметите кои се изучуваат на Факултетот за правни науки ја даваат основата за подоцнежното професионално надоградување во делот на правосудствто, односно ги оспособуваат студентите за полагање на некои од стручните испити, како што се правосудниот испит, нотарскиот испит, испитот за извршители, испитот за медијатори.

- Предметите кои што се изучуваат на Факултетот за правни науки се концепирани на начин за да на студентите им се обезбедат сите потребни знаења од областа на правото се со цел да се обезбеди конкурентност на странските пазари на труд. Предметите кои што се изучуваат на Факултетот за правни науки се усогласени со предметите кои што се изучуваат на најпрестижните правни факултети во светот. Предавањата кои се спроведуваат се со нагласен едукативен карактер, како студентите би ги добиле потребните знаења, кои подоцна ќе им овозможат успешно професионално реализирање во рамките на правничката професија. Предавањата на Факултетот се карактеризираат со постојана интерактивност преку вклученост на студентите во истите. За сите студенти се обезбедени соодветни учебни помагала кои на студентите ќе им овозможат совладување на правната материја, објаснува Габеров.

Тој додава дека значајна придобивка за студентите во текот на нивниот образовен процес е постојаната достапност на професорите и асистентите, како и постојаната комуникација. За сите идни и сегашни студенти од страна на Факултетот за правни науки обезбедена е практична работа како студентите би можеле да ги применат своите теоретски знаења и вештини. Практиката и теоријата се нераскинливо поврзани, па токму затоа за сите студенти на Факултетот се организира извршување на практична работа во судовите, јавните обвинителства, нотарите, адвокатите, извршителите, медијаторите и сл. Доказ за квалитетот на студиските програми на Факултетот за правни науки се големиот број на дипломирани и магистрирани студенти кои веќе успешно работат во рамките на правната професија, како нотари, адвокати, судии, стручни соработници, корпоративни правници, јавни обвинители...

На идните студенти им порачува да не се плашат од учење, туку од незнаење.

-Нека не ве совлада стравот од обврски, континуитет, навика за стекнување знаења, туку основниот мотив нека ви биде токму збогатувањето на вашето знаење, како и трудот којшто го вложувате во истиот, бидејќи вложувањето во себе е инвестиција за цел живот. Правото претставува најголема цивилизациска продобивка за човештвото. Токму затоа во новата академска година ве очекуваме на Факултетот за правни науки при ЕУРМ, заклучува професорот Габеров.

Поврзани

Најнови вести

Коментари