Џиков вели дека притворот е казна, бара куќен притвор за Јовановски

Ставре Џиков, адвокатот на актерот Владо Јовановски, кој е притвор поради случувањата во Собранието  на 27 април на седницата на Апелациониот суд во Скопје рече дека денеска бил во посета во истражниот затвор „Скопје“.

„Притворот е казна“, рече тој и побара поблага мерка од мерката притвор т.е. куќен притвор, со што смета дека ќе се осигура неговото присуство во целиот тек на постапката.

Според него, станува збор за јавна личност која не била претходно осудувана и која нема лош углед.

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Момир Маричиќ, рече дека останува на барањето за притворот.

Апелациониот суд на јавни седници расправа по жалбите на петтемина обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.

В.Маглешов

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари