Девет години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце

Пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур" и на местото каде што се урна армискиот хеликоптер, венци и цвеќиња положија делегации од министерството за одбрана и генералштабот, од кабинетот на претседателот, од Општината Петровец и најблиските на загинатите.

Скопското обвинителство истрагата ја затвори кон крајот на 2011-та година, без кривична одговорност, со образложение дека необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови и лошото време биле главните причини за уривањето на армискиот ми-17.

Поврзани

Најнови вести

Коментари