Специјалците против ИСИС

ДЕТАЛИ ЗА „ЌЕЛИЈА 2“: Еве кои се уапсените - поминале воено-терористичка обука во Сирија

Акцијата траела до раните утрински часови, а уапсени се четири лица осомничени за учество во терористичка организација. Лицата, според МВР, поминале воено-терористичка обука во Сирија и претставувале закана како за Македонија така и за земјите од регионот. Меѓу осомничените пет се од Скопје, еден е од Тетово и едно лице е од Куманово.

Фатени се Буњамин Гаши (23), Фарук Изеир (31), Ергин Усеин (36) и Мустафа Мемети (38) од Тетово. Три лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Рамадани од Скопје и Сулејман Идризи од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија, а за лицето Бурхан Сефер од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Министерството за внатрешни работи досега нема оперативни сознанија дека уапсените лица во акцијата „Келија 2" подготвувале терористички напади на територијата на Република Македонија, но, како што наведуваат од МВР, со оглед на нивната воено-терористичка обука што ја имале во војските во кои се бореле, секако дека претставувале закана за Македонија и за земјите од регионот.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Дејана Недељковиќ, денеска на прес-конференција информира дека акцијата на полицијата траела до рано утринава при што се извршени претреси на седум локации во Скопје и во Тетово и пронајдени се пет десктоп компјутери, два лаптоп компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска држава е вечна".

- Досега немаме оперативни сознанија дека овие лица подготвувале терористички напади на територијата на Република Македонија, но со оглед на нивната воено-терористичка обука што ја имале во војските во кои се бореле, секако дека претставувале закана за Македонија и за земјите од регионот, истакна Недељковиќ.

Лицата, како што појасни Недељковиќ, се вратени во Македонија од поодамна и подолг период се следени од страна на полицијата.

Полицијата против седум македонски државјани на возраст од 23 до 38 години поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во терористичка организација".

Четворица од нив се приведени и изведени пред истражен судија и за нив е доставен предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена. Едно од лицата е во бегство, а за останатите двајца постојат оперативни сознанија дека сè уште се наоѓаат во Сирија.

Меѓу осомничените пет се од Скопје, еден е од Тетово и едно лице е од Куманово.

Фатени се Буњамин Гаши (23), Фарук Изеир (31), Ергин Усеин (36) и Мустафа Мемети (38) од Тетово. Три лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Рамадани од Скопје и Сулејман Идризи од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија, а за лицето Бурхан Сефер од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари