Десет години од смртта на првиот премиер на независна Македонија

Денеска се одбележуваат 10 години од смртта на првиот премиер на Република Македонија по прогласувањето на независноста, Никола Кљусев.

Освен премиер, тој беше и економист, универзитетски професор, истражувач. општетсвеник и член на МАНУ.

Кљусев бил роден на 2 октомври 1927-та година во Штип, а во периодотд од 1942 до 1945-та година учествувал и во Антифашистичката борба во Скопје. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.

Кљусев беше првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија во периодот од 1991-1992 година, период во кој беше воведена македонската валута и формирана Армијата на Репблика Македонија.

По премиерската функција, Кљусев во периодот од 1 декември 1998 до 28 јули 2000 година беше министер за одбрана во Владата на Љубчо Георгиевски, а во 2006 година беше именуван од Владата на Република Македонија за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции.

Почина на 16-ти јануари, во 2008-та година, на 80 годишна возраст.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари