Стравот од бројот 13 секогаш е актуелен

Денес е "петок 13-ти"... баксуз или среќа

Во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не одат на работа на овој ден.

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок", многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.

На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат.

Пресметено е  дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не  одат на работа на овој ден. 

Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Taka повеќе од 80% од високите згради во светот немаат 13-ти спрат.

Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.

Интересен е податокот дека улиците во Фиренца во Италија  го испуштаат бројот 13.

На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.

Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот" број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера" од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.

Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари