Даштевски: Продолжувањето на рокот на СЈО ќе ја пролонгира кризата

Продолжувањето на рокот на СЈО има единствена цел – пролонгирање на кризата во земјава, смета дел од експертската јавност. Според аналитичарот Александар Даштевски обвинителството имало и повеќе од доволно време да истражува и да покрене обвиненија доколку имало основи за тоа. Смета дека СЈО работи како испостава на опозицијата и служи за остварување на целите и интересите на некои надворешни фактори

Тој вели дека е сосема оправдано што ВМРО-­ДПМНЕ останува на ставот дека нема да се согласи со продолжување на рокот на СЈО, бидејќи испочитувале се што предвидувал Пржинскиот договор, и дури понудиле зголемување на бројот на обвинители за да постигнат временски со работа, што било одбиено без никаков контрааргумент. Даштевски е убеден дека врз раководството на ДУИ бил вршен притисок за работата на СЈО да се најде во платформата на албанските партии. Според Даштевски доволно средства од буџетот се вложуваат во Западна Македонија, пред се во инфраструктурата. Вели доколку сметаат дека треба да се одвојат повеќе средства од државниот буџет за средините во кои живее претежно албанско население, тоа можат да го сторат преку пратениците од албанските партии во Собранието. По однос на ова прашање првиот човек на ВМРО­ДПМНЕ во интервјуто за Дневник вели дека во време на преговори поставувањето услови од ваков тип ги смета за еден вид политичка уцена, потенцирајќи дека при донесувањето одлуки треба да се мисли на долгорочен а не само на краткорочен план.

Поврзани

Најнови вести

Коментари