Миграцијата е природна појава секаде во светот

Данска со повисока стапка на иселување од Македонија, 56% од Македонците никогаш не би се иселиле

Според официјалните податоци, од 2005 до 2015 од Македонија се иселиле вкупно 98.022 Македонеци што во просек е 9.802 лица годишно, за споредба од Данска која важи за една од најразвиените држави во кои граѓаните статистички се изјаснуваат дека живеат најсреќно, само во 2016 се иселиле 61.335. Ако се земе предвид дека Данска има околу 5,5 милиони жители а Македонија околу 2, излегува дека граѓаните на најсреќната земја во светот си одат повеќе одошто си одат Македонците

Подолг период наназад, СДСМ и нејзините медиумски мегафони постојано манипулираат со лаги и нереални бројки поврзани со иселувањето од Македонија. Без научна и ниту било каква друга основа, СДСМ постојано продолжува да манипулира дека од земјава поради "режимот# се иселиле дури над 600 илјади граѓани.

Во предизборието, исклучиво за политички цели, СДСМ тврдеше дека од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година, а кога ќе се додаделе и иселените во 2014, 2015 и 2016 година, бројката на иселени била драстично поголема. Дека ваквите манипулации не се ништо друго, туку само од ракав фрлена бројка во политичката борба покажува фактичката бројка на освоени гласови на СДСМ на изборите во декември минатата година.

Прашањето кое легитимно се поставува на ваквите лажни бројки пласирани од СДСМ е ако од државата се иселиле над 600 илјади граѓани поради "режимот", како што тврди партијата, тогаш зошто СДСМ на изборите одржани во декември минатата година освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и пред тоа се силно бореше да се одземе правото на глас на македонските иселеници? Иако "незадоволните иселеници# се голем потенцијал за нивни гласачи, сепак беше нејасно зошто СДСМ не сакаше истите тие да гласаат и ги направи сите можни опструкции, манипулации и изигрувања вредноста на нивниот глас да се намали што е можно повеќе.

Со сличен наратив е и последната анкета на Телма. Која констатира дека „Дури 39,2 отсто од македонските граѓани трајно би се иселиле од државата.", оваа бројка е изведена без да се прикаже дека мнозинството од граѓаните одговориле дека не би се иселиле од Македонија.

За Телма и МЦМС спроведена телефонски од „М-проспект" на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. На трајно иселување најмногу размислуваат младите.

Истата анкета покажува и дека 80% од граѓаните се изјасниле дека нема да се иселат во наредните 12 месеци.

Според тврдењата на Соросовите експоненти и самиот СДСМ, причината за иселувањето на овој огромен број лица била поради лошите политики на власта и лошите постапки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. КУРИР уште тогаш пишуваше дека формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници во македонското Собрание, што практично и се потврди со резултатите од декемвриските избори.
Според нивната логика и нивната математика, над 600 илјади незадоволни и иселени се голем потенцијал за нивни гласачи, бидејќи според нивните тврдења тие ја напуштиле земјава незадоволни од власта. Од сето ова произлегува дека СДСМ очигледно некаде лаже и е неконзистентна, бидејќи нема никаква логика да не сака да гласаат оние кои незадоволни од нивниот политички опонент ја напуштиле Македонија.

Одговорот зошто СДСМ толку се бореше да ги неутрализира гласовите од дијаспората лежи и во резултатите кои доаѓаат од од последните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во однос на СДСМ, но поради наметнатиот нереален цензус од СДСМ, пратеник не беше избран.

Лагата на СДСМ за 600.000 иселени дополнително паѓа во вода ако се земе предвид фактот дека на изборите во 2016 година гласале 217.000 лица повеќе од изборите во 2006 година. Во 2006 година гласале 974.891 лице, додека на изборите во декември минатата година 1.191.852 лица. Ако навистина овие 10 години има 600.00 иселени, тогаш прашањето кое се поставува е како се зголемил бројот на луѓе кои гласале за 217.000 повеќе во однос на 2006 година?

Она што посебно излегува на виделина се манипулациите и лажниот мит кој го создаде СДСМ за иселени над 600 илјади граѓани поради незадоволството од т.н. режим. Доколку имаше и барем малку вистина во ваквите тврдења на партијата на Заев, тогаш СДСМ без проблем ќе ги добиеше трите пратенички места од гласовите на "незадоволните иселеници#, а немаше да освои очајна бројка од 2.000 гласови.

Данска со повисока стапка на иселување од Македонија

Според официјалните податоци, од 2005 до 2015 од Македонија се иселиле вкупно 98.022 Македонеци што во просек е 9.802 лица годишно. За споредба, од Данска која важи за една од најразвиените држави во кои граѓаните статистички се изјаснуваат дека живеат најсреќно, само во 2016 се иселиле 61,335. Ако се земе предвид дека Данска има околу 5,5 милиони жители, а Македонија околу 2, излегува дека граѓаните на најсреќната земја во светот си одат повеќе одошто си одат Македонците.
Во исто време, статистиките покажуваат дека најголем дел од Македонците се иселиле до 2005, кога СДСМ беше на власт. А по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, стапката е опадната.

Охрид - град рекордер по иселеници

Според податоците на Државниот завод за статистика, град рекордер по иселување е Охрид, од каде за 11 години се иселени 7.860 лица или по две лица дневно. Најчесто се иселуваат младите.
Од европските дестинации за иселување, Македонците најчесто се иселуваат во Германија по која следуваат Италија и Швајцарија, каде повеќе мигрираат сограѓаните Албанци.
Прва дестинација за иселениците е САД, а веднаш зад САД на табелата е Австралија каде што има голема традиција на иселување уште од печалбарската историја.

Членството во ЕУ не ги спаси Хрватска и Бугарија од "бела чума"

Членството во ЕУ не е гаранција дека граѓаните на земјата која влегува во Унијата ќе живеат подобро и дека среќата нема да ја бараат надвор од границите на државата. Дел од оние што заминуваат, во странство остануваат привремено, но голем дел ја напуштаат земјата засекогаш. Податоците од германската Федерална статистичка служба покажуваат дека во периодот од 2006 до крајот на 2013 година голем пораст на бројот на државјанства што ги добиле граѓаните од новите земји членки, и тоа со влегувањето во Унијата.

Наспроти овие примери е Турција, кај која е забележан пад на бројот на Турците кои добиле германски државјанства, а меѓу другото, една од причините е големиот економски раст во последните 10-15 години кој ја направи земјата атрактивна за младите, па наместо да заминуваат во странство, голем дел од нив мигрираат во големите градови во Турција, пред се во Истанбул.
Во случајот со Хрватска, на пример, во првата година откако стана членка на ЕУ, од 2012 до 2013 година бројот на хрватски граѓани кои добиле германски државјанства се зголемил од 544 на 1.721 што е најголем едногодишен скок кај некоја од земјите. Претходните години овој број бил речиси трипати помал и во 2009, 542 Хрвати станале германски државјани, во 2010, 689, а во 2011, 665.

Сличен е трендот и кај Бугарија од каде што во 2006 година, пред влегувањето на земјата во Унијата 409 лица добиле германско државјанство, а тој број секоја година се зголемува, па лани достигнал 1.790. Ситуацијата посериозна од бројот на државјанства Бројката, според бугарски експерти, можеби и не е голема, но ако се земе предвид колку луѓе од земјата заминуваат привремено, ситуацијата е многу посериозна отколку што се добиените државјанства.

- Тенденцијата е да се иселуваат уште повеќе, без оглед дали некој од нив зема странско државјанство или не - вели Антонина Желаскова од бугарскиот Центар за етнички прашања.
Според неа, стотици илјади Бугари мигрираат во Европа или во Америка, а никој не ја знае точната бројка на Бугарите кои заминуваат секој месец. Додека Бугарија не беше членка на ЕУ, Бугарите заминуваа со туристички визи, па нелегално остануваа во странство, а сега, според неа, иако земјата е членка на ЕУ, ситуацијата не е ништо.

подобра, само што луѓето заминуваат легално, искористувајќи го правото на слободно движење.

Историски, најмногу Македонци се иселиле во Турција

Последното мапирање на состојбите со миграцијата во Европа на Чехот Јакуб Мариан откриваат колкав дел од жителите на Македонија ја напуштиле државата, но и каде и најчесто заминуваат и кои народи одбираат нашата земја да биде нов дом.
Последниот извештај базиран на податоците на ОН, покажуваат дека Македонија е на третото место по бројот на иселени, со 24,8% од популацијата. На убедливо прво место во Европа е БиХ со 43,3% а втора е Албанија со 38,8 отсто. Но оваа статистика е од формирањето на ОН, и не важи за последниот период.

Следната мапа составена врз основа на податоците од ОН покажува дека најголем дел од родените во Македонија исто како и во Бугарија се селат во Турција. Ова Јакуб Мариан го објаснува со враќањето на етничките турци во матичќната земја, додека останатите податоци според неговите анализи покажуваат дека Македонците за своја најпосакувана дестинација ја имаат Швајцарија.

Неговиот претходен извештај пак открива кој најмногу ја сака Македонија за живот. Податоците преточени на карта изгледаат вака. Албанците најмногу ја сакаат Македонија, исто како и Грција.

 

Најнови вести

Коментари