За прв пат протестен марш и во Росоман:

Да не се уништува она што со години е градено

За прв пат вечерва протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија" беше организиран и во Росоман, пред присутните говореше Мирјана Јошева, наставник по македонски јазик.

-Нашите предци со крвави букви ја испишувале историјата на овој наш изнапатен народ за да денес една политичка опција, водејќи се пред се од личен интерес и желба за власт, гази врз нашиот соживот и национални интереси. Не сме овде за да напаѓаме некого или обвинуваме, овде сме за да се повикаме на свеста и совеста, на секој поединец, на секој Македонец, Србин, Ром жител на оваа општина, нагласи Јошева.

Притоа повика да не се уништува она што со години е градено.

-Со сила сакаат да ни наметнат албански јазик, да ни ја федерализираат државата и да не направат бинационална држава. Менувањето на Уставот и националните обележја се само прв чекор кон менување на името на нашата држава и губење на нашата самобитност. Јазикот е тој што не легитимира како Македонци, додаде Јошева.

Поврзани

Најнови вести

Коментари