УШТЕ ЕДЕН НОК-ДАУН ЗА СДСМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА

Црвенковски го пушти Заев низ вода!

Се извинувам на целата македонска јавност во името на партијата за секоја изјава која отскокнува од демократските начела во едно општество и од програмата на СДСМ, рече Црвенковски, по скандалозниот говор на Заев, во кој се закани дека "ќе јадат живи луѓе кога ќе се вратат на власт"

Лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски се огради од говорот на својот потпретседател, Зоран Заев, кој на партиска трибина порача дека ќе бркаат од работа и "ќе јадат живи луѓе кога ќе се вратат на власт". Во интервју на Канал 5, Црвенковски во име на членството порача дека не стои зад изјавите на Заев, не исклучувајќи ја и можноста да го санкционира градоначалникот на Струмица.
- Во СДСМ нема таква еуфорија, нема некаква атмосфера на моќ и сила, која се преточува во таков тип на изјави. Однапред на целата македонска јавност се извинувам во името на целата партија за секоја изјава која отскокнува од демократските начела во едно општество и од програмата на СДСМ, рече Црвенковски.

Тој рече дека го чул и неговото извинување и објаснување дека дел од таквата изјава се должи на смислена монтажа. Рече дека ќе се сретне со Заев, по што во партијата ќе одлучат за евентуална санкција.

И покрај оградувањето од зборовите на Заев, дека најверојатно до казна нема да дојде најави и самиот Црвенковски посочувајќи на досегашниот ангажман на неговиот заменик.
- Ова не го кажувам за да го оправдувам, туку да потсетам дека се работи за човек кој не е нов, тоа е човек кој има свое минато во политиката. Тој е пет и пол години градоначалник и не видов дека јадел луѓе или бркал луѓе за партиска непогодност, рече Црвенковски.

Заев во својот говор во Валандово се закани со масовни отпуштања во државната администрација и вработување на нивни луѓе, откако ќе се врателе на власт.
- Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија... Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа..., рече Заев.

Потпретседателот на СДСМ во демантот до медиумите се правдаше дека неговите изјави биле извадени од контекст. Осуда за "канибалистичкиот" говор на Заев стигна од сите синдикални организации, политички партии, како и од меѓунарониот фактор во земјава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари