Oбвинителите ќе контролираат дали полицајците постапуваат законски

Со измени и дополнување на неколку закони меѓи кои, Законот за Советот на јавни обвинители, Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, на обвинителите ќе им се даде можност да ја контролираат полицијата. Ова е наведено во Единствениот електронски нациоален регистар на прописи, ЕНЕР.

Во описот на законските измени кои се бараат се наведува дека според повеќе извештаи на меѓународни организации, национални институции и невладини организации контролните механизми над телата за спроведување на законите во Македонија не се на соодветно ниво. Ова е потврдено и со повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде што е утврдена повреда.

Целта, како што пишува во предлог-законот е „примена на надворешниот независен контролен механизам во нашето законодавство за припадниците на Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција. Еден од сегментите на овој механизам е воспоставување контрола од страна на јавното обвинителство“.

Само со настаните од 27 април се потврди дека полициски структури целосно затаиле во непостапувањето за крвавиот четврток во Собранието.

В. Маглешов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари