Бугарскиот амбасадор во Македонија утре ќе ги претстави приоритетите на претседателството со ЕУ

Пред членови на дипломатско-конзуларните претставништва, меѓународни организации и пратеници, утре во Собранието на РМ, амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков ќе ги претстави програмата и приоритетите на претседателството со Бугарија со Советот на ЕУ. На седницата, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самјуел Жбогар.

Бугарија на 1 јануари го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија за наредните шест месеци. Програмата на претседателството на Бугарија вклучува околу 1500 состаноци и состаноци на највисоко ниво во Брисел и Стразбур. Македонија очекува почеток на преговорите со ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари