Каракачановци и во 2017 против партизаните

Бугарофилите на Заев ќе рушеле партизански споменици!

Организацијата Македонско-бугарско пријателство, која минатата година јавно ја поддржа платформата на СДСМ неделава излезе со барање да се тргнат спомен-плочите на партизаните во Штип кои биле стрелани и масакрирани од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна

Претседателот на невладината организација Македонско-бугарско пријателство (МБП), Петар Колев, кој во исто време е член на извршниот комитет на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов побара да се тргне партизанската споменица во Штип.

Во отвореното писмо на Колев до штипскиот градоначалник Илчо Захариев и претседателот на Советот на општината, тој бара да биде тргната плочата споменица на загинатите партизани во Втората светска војна која се наоѓа пред училиштето "Ванчо Прке", затоа што, според него, оваа плоча била навреда за Бугарите и Бугарија.

Како причина за барањето плочата да се тргне, Колев го наведува тоа што Штип бил многу поврзан со Бугарија.

-Нашата општина доби на подарок мост од владата на Р Бугарија, изгради прекрасен мултимедијален центар кој чини стотици илјади евра со средства од програмата за трансгранична соработка со европска Бугарија. Исто така многу граѓани на Штип се и граѓани на Република Бугарија, но и многу се во процедура за добивање на државјанство. Многу наши сограѓани го завршија своето образование во некој од бугарските универзитети, други работат во некоја од бугарските компании во Македонија или во самата Бугарија. Голем дел од бизнисот на градот е директно или индиректно поврзан со Благоевград и други градови на нашиот источен сосед, вели тој во отвореното писмо.

Инаку плочата која им смета на "Каракачановци" е посветена на партизаните кои го изгубиле својот живот токму на тоа место.

-На ова место во злогласниот бугарски фашистички затвор масовно се затворани борци комунисти од 1941 до 1944 година. Во него се измачувани, убивани и масакрирани повеќе борци од НОВ. Во знак на почит кон затворениците борци за слобода на Македонија плочата ја поставува општинскиот одбор на СЗБ од НОВ. 8.11.1983 г. ШТИП пишува на плочата.

За следбениците на Каракачанов во Македонија, кои инаку јавно ги поддржуваат СДСМ и Зоран Заев, овие зборови не се вистина, затоа што според нив Бугарите не масакрирале во Втората светска војна туку "поштено# се бореле. Во исто време, за нив, плочата била комунистичка пропаганда и покажувала недостиг на елементарно цивилизациско однесување.

-Имајќи предвид дека комунистичкиот режим е објавен за злосторнички во сите источноевропски држави, вклучувајќи ја и Македонија, за што Собранието има донесено соодветна декларација, убеден сум дека содржината на таквиот текст кој пред се е исполнет со идеолошки предрасуди, а не со факти, покажува недостиг на елементарно цивилизациско однесување - пишува Колев.

На ваквите барања на бугарофилите, реплицираше претседателот на штипскиот совет, Влатко Миташев, кој вели дека наместо Бугарија да го следи примерот на Германија која се извини за злосторствата во Втората светска војна, тие бараат да бидат тргнати спомениците.

-Немам чувство дека некој посебно и се лути на сегашната Република Бугарија, но не не присилувај да си ја бришеме меморијата од глава за минатото, затоа што во нашите фамилии се уште има живи сведоци на тоа време и многубројни наследници на жртвите на фашистичкиот режим кој го практикувала тогашната Бугарија. И да, местото на Штип и на Македонија е во современа Европа, но не онаква каква што ја замислувате ти и твоите истомисленици, со негирање на македонскиот јазик и нација, а сега бараш и бришење на сеќавањето на минатото, реплицираше Мишев.

Засега, на овие барања нема никаква реакција од Сојузот на борците кои свесно или не се наоѓаат во иста, опозициска платформа, заедно со организацијата која бара да се тргнат плочите на нивните соборци.

МБП: Сателит на Каракачанов и јавен партнер на СДСМ

Минатата година кога СДСМ ја формираше својата коалиција Граѓаните за Македонија, во која таканаречени невладини организации учествуваа во предизборната кампања заедно со партијата, рамо до рамо со нив застана и МБП.

-Здружението за Македонско-бугарско пријателство, како дел од граѓанскиот сектор во Македонија, реши да ја поддржи Платформата за демократска Македонија. За таа цел, Здружението ги задолжува ,Петар Колев, Димче Петкоски и Ѓорѓи Трендафилов, да ги усогласат идните активности и обврски кои се однесуваат на Здружението, а произлегуваат од придружувањето кон Демократскиот фронт за иднината на Македонија и Широкиот опозициски блок. Во оваа прилика, уште еднаш ја изразуваме нашата верба во демократскиот капацитет на граѓаните на Македонија и вербата во просперитетна и европска Македонија, стоеше во нивната одлука да коалицираат со СДСМ.

Во исто време, истакнатите активисти на оваа организација, која ја водат луѓе кои јавно членуваат во бугарската партија ВМРО-БНД на контроверзниот Красимир Каракачанов, во неколку наврати јавно во ТВ-интервјуа ја потенцираа својата поврзаност со СДСМ и нивната платформа.

Панихида на загинатите фашисти

Во јануари, на еден ден пред големиот христијански празник Божик, истата организација организираше панихида на загинатите фашисти во Втората светска војна. На панихидата, која случајно или не, ја водеше свештеник на МПЦ од Охрид, претседателот на МБП од градот ја искористи приликата да говори против еден од најистакнатите команданти на партизанското движење во Втората светска војна.

- Генерал Михајло Апостолски со итрина ги примамува офицерите во Офицерскиот клуб во Скопје за да го "решат проблемот#, каде што веднаш се разоружуваат, апсат и ги затвораат во занданите на скопската тврдина Калето - ја објаснил Крсте Ристески ситуацијата во која биле стрелани фашисти, без докази обвинувајќи го Апостолски за стрелањето на овие војници, иако македонската историографија вели дека тој немал никаква поврзаност со црквата.

Истата организација, секоја година учествува и во организацијата на панихидата за Мара Бунева која се одржува во Скопје.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари