Брисел инсистира на соработка на Заев и Груевски

Инсистирањето на Брисел за вклученсот на оппозициајат во европските рефорнми, клучни за највата на валдата дека ќе бара модел за консултации со опозицијата за планот 3 6 9, брифираат дипломатскии извори за ТВ 24.Ова според истите извори им било кажано и на владините функционери на средбите со претставниците на ЕК. Според истите извори, препорака дека Брисел очекува вклученост на опозицијата во подготовката на клучните законски измени, добила и ВМРО-ДПМНЕ.

Висок функционер од власта брифира дека освен европските пораки, дополнително поддршка на Владата и е потребна од партијата на Груевски поради фактот што за ситемските закони во судството им требаат глаосвите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата денска официјално, велат дека вклученост на опозицијата отсекогаш било нивни план. Ја поздравија најавата на опозиционерите за подршка на вклучување во дебатата околку европскиот патоказ, без да ги споменат опзоициските услови за гаранции.

„Ако станува збор за официјален став на ВМРО-ДПМНЕ, добро е што опозицијата покажува подготвеност да се приклучат на процесот 3-6-9, односно реформите кои се од шустински интерес за граѓаните." - изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на РМ.

Илија Димовски вчера во изјава за тв 24 порача дека опозицијата ќе се вклучи во процесот и ќе даде поддршка за стратешките реформи, но условно, одсноно дека Владата мора да гарантира дека ќе престане да ги игнорира и по автоамтизма отфрла сите нивни иницијативи. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, од Беса велат дополнително ќе размислат дали воопшто ќе станат дел од евентуалните консултации.

„Кога ќе добиеме таква покана ќе размислиме дали ќе се појавиме. Искрено се сомневаме во искреноста на Владата да ја вклучи опозицијата во европските реформи. Доказ за тоа е и фактот што им текна да се консултираат откако помина половина од месеците кои ги предвидоа во планот. Дополнително ние како БЕСА побаравме да бидеме вклучени во изработката на законот за употреба на јазиците, кој што е дел токму од европксиот патоказ, но Владата не не консултираше." - велат од Беса.

Тв 24 вчера објави дека собрансикиот спикер по изборите ќе органзиира состанок за европскиот патоказ, на кој може да бде поканет и премиерот, а најавата од Џафери доаѓа откако владата донесе одлука на седница дека ќе бара модел за консултација со опозицијата. Европскиот патоказ е клучниот документ што Владата го претстави во Брсиел како план со кој ќе се исполнат реформи кои ги бара Европа, но и ќе се отстранат сите забелешки од рентген извештаите на експертската група предводена од Рајхард Прибе.

Поврзани

Најнови вести

Коментари