„Јазиците на Балканот“

Бошњаците бараат: Употребата на јазиците еднаква за сите

Употребата на јазиците треба да биде еднаква за сите граѓани. Професорската фела реагира законот во собранието треба да претрпи измени. Босанската заедница иако во помал број треба да добие право на употреба на мајчин јазик во институциите каде што тоа е возможно.

Употребата на јазиците треба да биде еднаква за сите граѓани. Професорската фела реагира законот во собранието треба да претрпи измени. Босанската заедница иако во помал број треба да добие право на употреба на мајчин јазик во институциите каде што тоа е возможно. Професорите кои го претставуваат босанскиот етникум во државата потенцираат, бенефит од законот треба да имаат сите граѓани а не само одредени заедници.

За професорот Реџеп Шкриет од Скопје кој предава на Универзитетот во Нови Пазар законот е позитивен чекор, но може да бидат загрозени други заедници.

- Можам да коментирам само од аспект на босанскиот јазик , сигурно постојат работи кои можат да загрозат одредени заедници но мислам дека има можности некои мерки да се надминат, сето ова никој од луѓето од населението кое сака да го оствари своето право на образование, нема да биде загрозено.

Во Македонија има само три училишта каде се одвива експериментална настава на босански јазик. Државата се соочува со недостиг на стручен кадар. Овој етникум на мајчин јазик го има само учебникот „ јазик и култура на бошњаците. Преку трибините и првата македонско босанска конференција која се одржува во Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков, професорите се надеваат дека е можно подобро позиционирање на босанскиот јазик во Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари