БЕСА ја условува поддршката за Влада со евентуална промена на Талат Џафери

Движењето Беса не го поддржа изборот на Талат Џафери и имаше свој кандидат за оваа позиција. Според информациите кои кружат во јавноста едно од клучните барања на Беса за поддршка на владата на СДС и коалиционите партнери е да го добие местото Претседател на Собранието на Република Македонија.

-При предложувањето на господинот Талат Џафери како кандидат, тој беше предлог на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците. Значи ние не бевме дел од тој процес на консултација и заради тоа мислиме дека тоа треба да се продискутира понатаму како една целина за можна соработка понатаму во владеачка коалиција - рече Кастриот Реџепи.

Талат Џафери беше избран за Претседател на Собранието во процедура која е оспорена и според деловнички и според законски аспект и ваквите изјави кои доаѓаат од движењето Беса дополнително го оспоруваат неговиот легитимитет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари