Администрацијата на Обама преку Бејли со американски пари ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Бејли пред суд во САД - со Сорос злоупотребил 5 милиони долари државни пари за преврат во Македонија

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Поради ова, против УСАИД, Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, е поднесена кривична пријава од страна на "Џудишал Воч".

Државната американска агенција УСАИД на фондацијата на Сорос во Скопје од 2012 до 2016 и префрлила повеќе од 5 милиони долари за политички активности, промена на влада. Поради ова, против УСАИД, Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, е поднесена кривична пријава од страна на "Џудишал Воч".

-Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува "Џудишал воч#, амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција - стои во соопштението на организацијата околу тужбата која е поднесена пред окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од "Џудишал воч" тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:
- Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања документи за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
На "Џудишал воч" не им ги дале ниту документите и податоците за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество - Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија, Џес Л. Бејли.
- Нема документација ниту за сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата, велат од организацијата.
Се кријат и пораките пренесени преку СМАРТ-системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на Американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество - Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.
 

Фокс њуз: Администрацијата на Обама преку Бејли со американски пари ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Тужбата против УСАИД и Бејли ја пренесе и најгледаната американска телевизија Фокс њуз. Тие пренесуваат и изјава од фондацијата на Сорос во Америка, но и изјава од претседателот на "Џудишал воч".
-Администрацијата на Обама, се чини дека ги разбила буџетите на даночниците во напорите да ја финансира операцијата на Сорос, изјави претседателот на Џудишал Воч, Том Фитон. "Стејт департментот на САД и УСАИД треба да се приберат и да ги разоткријат деталите на Обама-Сорос проточниот вентил".
Портпаролот на Стејт департментот изјави за Фокс њуз дека "Департментот не коментира случаи во судски процес".
Но портпаролот на Фондациите Отворено општество изјави за Фокс њуз дека: "Фондациите Отворено општество трошат речиси милијарда долари сопствени пари годишно за промовирање на демократијата, човековите права и доброто владеење околу светот. Нашите локални фондации распределуваат само минимална сума американска помош. Кога УСАИД ќе избере национална Фондација Отворено општество за да ги распореди фондовите на УСАИД - кои потоа одат во НВО-а од тие домени - причината е тоа што имаме репутација за транспарентност, ефикасност и професионализам. Работата што ја поддржува македонската фондација му помогна на македонскиот народ зајакнувајќи ги здравството, образованието, активизмот на заедницата и новинарството во земјата - често во партнерство меѓу Европската Унија, САД и македонската влада".
Активностите на Бејли и финансирањето на групата на Сорос од страна на УСАИД беа ставени под ревизија на Конгресот кон почетокот на годинава. Републиканскиот конгресмен од Њу Џерси, Кристофер Смит ја водеше групата пратеници од Претставничкиот дом кои упатија до Бејли барање за одговори дали пари на американските даночници биле користени за финансирање на проекти на Сорос во малата балканска земја со конзервативно раководство. Републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли исто така изрази загриженост дека парите од УСАИД одат во Фондациите Отворено општество на Сорос како дел од поширока загриженост дека Американската амбасада зазема страна во партиската политика.
-Примив веродостојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга, пишува Ли во неговото писмо од јануари.

 Еве како функционира тајната операција

Според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за "Џудишал воч# како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на "Џудишал воч" во Вашингтон неодамна ги нарече "пешадијата на Сорос".
Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата "Правила за радикали" на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.
Според ИнсидеПхилантхропѕ.цом, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари...
Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество.

На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа од американската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

- Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на "Џудишал воч", Том Фитон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари