Заради финансирање на Соросоидите за државен удар

Бејли оди на СУД! Сега се е јасно!

Judicial Watch денес објави дека поднесе тужба врз основа на Freedom of Information Act (FOIA) против Стејт Департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) врз основа на писмена евиденција и комуникации во врска со финансирање и политички активности на фондација Отворено општество - Македонија.

Judicial Watch наведува дека Амбасадорот на САД назначен од Барак Обама во Македонија, Џес Л. Бејли, работел зад сцената со Фондацијата Сорос "Отворено општество" трошејќи големи суми на американски долари за оваа намена (финансирање на организирање насилни демонстрации, протести, левичаркси здруженија и медиуми) што претставува мешање на амбасадорот на САД во домашните политички прашања што преставува кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Се бара секоја евиденција на комуникација помеѓу официјален преставник, вработен, или претставник на Стејт департментот и секој официјален преставник, службеник или претставник на Фондацијата отворено општество -Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата и повратната комуникација испратена од или кон американскиот амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Според податоците од веб-страница на УСАИД $ 4.819.125 пари од даночните обврзници на САД дадени се на Фондацијата Сорос Отворено општество - Македонија во периодот меѓу 2012-2016 година.

(Вашингтон) – Judicial Watch денес објави дека поднесе тужба врз основа на Freedom of Information Act (FOIA) против Стејт Департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) врз основа на писмена евиденција и комуникации во врска со финансирање и политички активности на фондација Отворено општество - Македонија. Оваа организација, дел од Фондација отворено општество на Џорџ Сорос, доби речиси $ 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД за Колумбија (Judicial Watch v. U.S. Department of State and the U.S. Agency for International Development (No. 1:17-cv-00729)).

Тужбата беше поднесена откако и Стејт Департментот на САД и УСАИД не успеаа да одговорат на барањето од 16 Февруари 2017, врз основа на Актот за слобода на информирање на следново:

- Сите податоци кои се однесуваат на било кои грантови, договори или исплата на средства од страна на Стејт Департментот на Фондацијата Отворено општество - Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања за финансирање, овластувањата на исплата, или слични записи, како и сите поврзани извештаи со евиденција на комуникација помеѓу официјален преставник, вработен, или претставник на Стејт департментот и официјален претсавник, вработен или застапник на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

- Секоја евиденција на комуникација помеѓу официјален преставник, вработен, или претставник на Стејт департментот и секој официјален преставник, службеник или претставник на Фондацијата отворено општество -Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата и повратната комуникација испратена од или кон американскиот амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

- Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата отворено општество -Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

- Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од било кој вработен или изведувач на работата од Владата на САД кои работат по овластување на Шефот на мисијата - орган во амбасадата на САД во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество - Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата.

На веб-сајтот на УСАИД објавено е дека помеѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 година, УСАИД доделил $ 4.819.125 пари од даночните обврзници на САД на Фондацијата Сорос Отворено општество - Македонија (ФООМ), во партнерство со четири локални граѓански организации. Веб страната на УСАИД се линкува со www.soros.org.mk, каде е наведено дека во рамки на проекти обучени се стотици млади Македонци "на теми како што се слободата на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, аргументирано убедување и користење на новите медиуми".

Во февруари, Judicial Watch објави:

Од Владата на САД тивко се трошат милиони долари на даночните обврзници за дестабилизација на демократски избрана, централно-десничарската влада на Македонија во соработка со левичарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, според евиденцијата со која располага Judicial Watch. Амбасадорот на САД назначен од Барак Обама во Македонија, Џес Л. Бејли, работел зад сцената со Фондацијата Сорос "Отворено општество" трошејќи големи суми на американски долари за оваа намена, што претставува мешање на амбасадорот на САД во домашните политички прашања што преставува кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.


***

Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации (НВО) во Македонија за да ја собори конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од Judicial Watch во Вашингтон D.C. неодамна ги нарече "Пешадијата на Сорос." Групите организираат младинските движења, создаваат влијателни медиуми и организираат насилните протести за поткопување на институциите и политиките имплементирани од страна на владата.

Една од групите финансирана од Сорос, финансирала превод и објавување на книгата на Саул Alinsky "Правила за радикалите" на македонски јазик. Книгата е тактички прирачник за субверзија, обезбедува директни совети за радикални улични протести и прокламира дека Луцифер е првиот радикал. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој не беше заменет од страна на претседателот на Трамп, Чичко Сем обезбедува парите да течат кон групи кои можат да продолжат да работат и регрутираат, потврдуваат извори во Македонија и САД.

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество на УСАИД неодамна се под надзор на Конгресот.

Во јануари 17, 2017, сенаторот Мајк Ли (R-UT) испрати писмо до Бејли барајќи од него да го објасни односот на Стејт департментот со Фондацијата отворено општество.

На 24 февруари 2017 година, Крис Смит (R-Њу Џерси), Louie Gohmert (Р-Тексас) и други повикаа, врз основа правилото на одговорност на владата да се спроведе истрага и ревизија на Стејт департментот и активностите на УСАИД во Македонија, вклучувајќи финансирање на субјектите на Фондацијата отворено општество и кои преставуваат мешање во домашните македонски политички работи што преставува потенцијална повреда на Виенската конвенција за дипломатски односи.


Целиот текст на Judicial Watch можете да го прочитате на следниов линк

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари