Апелација ги отфрли жалбите на 11 лица за притворите за 27-ми април

Лицата притворени поради настаните во Собранието на 27-ми април остануваат во притвор. Ова го потврди Апелациониот суд и ги одби како неосновани жалбите на обвинетите.

Во решението на Апелација стои дека осомничените Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор дурловски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славевски ќе останат во притвор.

„По одржаните јавни и нејавни седници Апелациониот суд донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април“, се наведува во соопштението на Апелација.

За настаните од 27 април, во моментов 11 лица се во истражниот затвор Шутка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари