Апел за помош на Киро Пасков

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош. Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба. 

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191

Околностите во кои тој живее наликуваат на оние од 18 век. Без струја, вода и храна. Пасков може да стане лесен плен на дивите ѕверови. Глутницата волци, вели тој, доаѓаат во вечерните часови кога слободно се движат во незаштитениот двор, кој со време станал дувло на планинските животни. Сонот на овој изнемоштен човек трае доста кратко, волчјото завивање и студот што влегува низ многубројните дупки на куќата го одржуваат Киро буден до раните утрински часови.

Пасков е неспособен за работа и со оглед на тоа, не е во можност да си обезбеди подобри услови за живот. Оставен на милост и немилост, заборавен од општеството, гладува со денови, a малата планинска река, како вистински човек од дивината, ја користи за пиење и одржување лична хигиена.

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор 077 707 191

Поврзани

Најнови вести

Коментари