Андонов: Тиранската платформа е најголемото мешање на странски фактор во поновата историја на Македонија

Никогаш не престанал странскиот фактор да се меша во Македонија, нема ни да престане, изјави во „Аргументи" на ТВ „Нова", Оливер Андонов, професор и политички аналитичар.

Според него, најголемо мешање, по она во 2001 година, е наметнувањето на тиранската платформа во постизборието.

– Кога зборуваме за мешање на странски фактор, досега сме немале поголемо мешање од она со тиранската платформа. Од 2001 та година па наваму немаме видено поголемо мешање во внатрешните работи на Република Македонија, и тоа беше направено директно и безобразно – изјави Андонов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари