АМСМ: Внимавајте на остатоците од кашест снег по коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Воедно, оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари