АМСМ: Нормализиран сообраќајот на речиси сите патни правци во државата

Од АМСМ информираат дека е укината забраната за движење товарни возила на планинскиот превој Стража, на Попова Шапка, на патот Ресен – Охрид преку превојот Буково и на граничниот премин „Ќафасан“. Сообраќајот е нормализиран и на Ѓавато и на Пресека.

Поради снежна лавина на патниот правец Маврово – Дебар сообраќајот целосно е во прекин од 06 часот. Поради отстранување на одрони во близина на село Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин во двата правци. Се користи алтернативен пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла – Македонска Каменица.

Според најновите информации, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари