Албански интелектуалци ќе бараат албанска додавка на името?

Албански интелектуалци подготвуваат меморандум за албанска додавка на името.

Албанците да бидат активно вклучени во преговорите за името и доколку Македонија и Грција постигнат договор, тоа да не биде име со кое би се идентификувале само Македонците. Ова ќе биде едно од клучните барања од меморандумот кој го подготвуваат интелектуалци – Албанци и кој ќе се најде на маса пред премиерот Зоран Заев, политичките партии и меѓународниот фактор, потврди за Плусинфо Шптим Положани, претседател на Здружението на поранешни затвореници и еден од иницијаторите на меморандумот.

Иницијативата експерти Албанци директно да бидат вклучени во решавањето на спорот кој Грција го има со нашето уставно име, тие ја покренуваат, затоа што според нив, ДУИ не е легитимен претставник на Албанците и оттука учеството на лидерот, Али Ахмети и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се нерелевантни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари