Аерозагадувањето за неколку пати зголемено

Алармот е вклучен:Тетово, Скопје и Битола се гушат во смог!

Од Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) потенцираат дека аерозагадувањето деновиве ги наполнило болниците и амбулантите, бидејќи за околу 30% до 40 % е зголемен бројот на болните од белодробни и кардиоваскуларни заболувања.

Алармот е вклучен, граѓаните на Скопје,Тетово и Битола веќе десетина дена се гушат во смог, бидејќи загадувањето на воздухот со токсични честички надминува неколку пати над дозволените количини. Една од причините за ваквите состојби е сообраќајот, односно зголемениот број на возила кој што само за неколку години е пораснат за 60.000. Но истовремено зголемена е и нивната старост што е дополнителна причина за загадувањето. Загадувањето е карактеристично за зимскиот период, бидејќи голем број на домаќинства користат несоодветни енергенси за загревање како што се гуми и пластики.

Од Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) потенцираат дека аерозагадувањето деновиве ги наполнило болниците и амбулантите, бидејќи за околу 30% до 40 % е зголемен бројот на болните од белодробни и кардиоваскуларни заболувања. Загадувањето влијае на сите органи, поради што изминативе години зголемена е и смретноста во Македоија. Статистиката покажува дека годишно во земјава од овие причини умираат до 1.060 лица,а во светски рамки околу 3 милиони лица.

Според д-р Драган Ѓорѓов од ИЈЗ, националерн координатор за областа здравје и животна средина и член на меѓусекторската работната група за унапредување на клавитетот на воздухот смета дека загадувањето влије негативно врз целиот човечки организам.

- Во Тетово зголемувањето на загаденост е до 340 микрограмина метар кубен ПМ10 честички, во делови од Скопје како што е Лисиче, Центарот до 260 микрограми,а во Битола до 150 микрограми -посочи Ѓорѓев и додаде дека се наоѓаме во безизлена состојба, односно тоа е еден тип на еко психоза оти воздухот не можеме да го смениме.

Спред него веќе дсетина дена сме во период кога најголем дел од 17 мерни станици во државата покажуваат концентрации на честички од 10 микрони, па и од 2,5 микрони, далеку над дозволеното ниво. Тој најави дека идната недела на состанокот на интерсекторската група ќе расправаат и за алармни нивоа, односно да не се чека просекот во континуитет да биде пет дена над 50 микрограми, туку на два дена кога ќе се зголемат концентрациите на 152 и 200 микрограми на метар кубен.

Ѓорѓев смета дека треба да се огранички сообраќајот во централниот дел на градовите, да се направи организација на системот на сообраќајот, но да се намалат и градежните активности.
Ако загадувањето и тогаш расте тоа може да предизвика и затворање на јавни објекти, пред се училишта и детски градинки.Но, како што вели Горѓев за тоа ќе се расправа идната недела.

- Граѓаните што помалку да престојуваат на отворен простор, физичка активност, спортување и слично да се прекине во вакви услови, но и активност на надворешен простор да се ограничи. Препорачливо е да се носат маски во индустрии каде е загрозен белодробниот систем-објасни Ѓорѓев.

Според него, пушењето и издувните гасови од системите за греење се два главни загадувачи на внатрешниот воздух.

-Докажано е дека ризикот од ефектот на аерозагадувањето е за три или четири пати повисок кај пушачите отколку кај непушачите и пасивните пушачи- вели Ѓорѓев.

Тој препорача асматичарите да се снабдат со потребните лекови оти може да имаат здравствени проблеми.

Ѓорѓев укажа дека индустриските комплекси се големи загадувачи во Тетово. Според него во Скопје се направени интензивни испекции на сите индустриски капацитети и градежни локалитети, но тој нема информации дали некој е казнет.

Во соработка со СЗО се планира да се направи хемиска анализа на составот на честиците за да точно се утврди кој е главниот причинител на загадувањето, оти загадувањето не е само национален туку регионален, односно светски проблем. 

Старите возила најголеми загадувачи

Најголеми загадувачи на воздухот се старите нееколошки возила, покажала анализата на Сојузот на стопански комори. Според нив сатрите возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов посочи дека старите возила не ги исполнуваат декларираните еуро-нормативи и ја зголемуваат емисијата на штетни ПМ честички во воздухот.

- Овие возила особено во последните пет години се внесени во голем број, кога и загадувањето на воздухот покажува најголеми размери -укажа Алексов.

Според податоците од Царинската управа на РМ, од 2010 до 2015 година увезени се 191.639 употребувани патнички возила.

Затоа ССК предлага воведување на Еуро 4 стандардот за увоз на половни возила, воведување политика за СО2 при увоз и регистрација, односно при увозот на возила да се врши проверка за исполнување на пропишаните еуро-нормативи.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари