Порака од Македонците во Канада:

Ако го смените конзулот, ја прекинуваме соработката со Владата

Не ги прифаќаме обвинувањата на грчкото МНР за иредентизам со приказот на македонските симболи. Не прифаќаме дека со тоа сме ја прекршиле Времената спогодба. За овој настан, кој според Атина е иредентистички, а за нас банален, одговорноста ја презамаме ние, Обединетата македонска заедница во Канада и Светскиот македонски конгрес, се вели во реакцијата на овие организации по соопштението на грчкото МНР. 

 - Атина поплаките нека ги пратат на нашата адреса. Ако македонската држава подлегне на грчките провокации и го дисциплинира или побара одговорност од македонскиот генерален конзул во Торонто Јовица Палашевски за да добие поени во Грција, во тој случај македонската влада треба да биде спремна на целосна изолација и несоработка помеѓу сите идни диплoмати и македонската заедница во Канада. Нашите, македонски симболи забранети во Македонија од Лисабонската декларација вечно ќе се веат и ќе бидат изложувани на сите македонски собири во Канада или каде било низ светот каде што живееат Македонци надвор од Македонија, реагира Светскиот македонски конгрес Канада.

Атина нема право да се жали за прекршување на Времената спогодба од страна на Македонија. Атина е таа што ја прекрши Времената спогодба со блокирањето на членството на Македонија во НАТО, неправдата од Грција спрема Македонија после долга судска разврска се докажа и пред највисокиот суд за човекови права, Хашкиот суд.., се вели во реакцијата. Посочуваат дека Илинденските собири се организирани од македонски друштва и волонтери од македонската заедница во Канада, и тие како канадски државјани имаат право да изложат каква било мапа, знаме, обележје кое самите ќе го одберат за нивните собири.

 - Македонскиот генерален конзул во Торонто, Јовица Палашевски кој се товари за банална работа ги поздрави присутните Македонци и им го честита големиот македонски празник Илинден од бина на која во позадина биле закачени Античка карта на Македонија и македонското сонце од Кутлеш, се вели во реакцијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари