Ахмети: Сите опции се отворени, можни се и нови избори

Логично е ДУИ да ги отвори преговорите за формирање нова влада со победничката партија на последните предвремени парламентарни избори, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервјуто за емисијата Клик плус на ТВ21.

Ахмети вели дека сепак сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа 99 пати. Преговори со победничка партија се логичен след, имајќи предвид дека коалиција со СДСМ не би произведувала сигурност во државата, иако освоила 49 пратеници. Кој би ја гарантирал безбедноста во државата кога партија која не е победник на изборите би формирала влада. ВМРО­-ДПМНЕ е политичка сила која има поголем капацитет од СДСМ, и има речиси 100% македонски гласачи, оцени Ахмети, кој останува на ставот дека платформата на албанските партии останува услов за коалицирање. Без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада, изјави Ахмети за ТВ­21.

Поврзани

Најнови вести

Коментари