Асоцијацијата за детски дијабет бара

Агенцијата за лекови да го провери квалитетот на инсулинот

Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија-Баланс МК и други здруженија на дијабетичари бараат од Агенцијата за лекови на РМ итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола на квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините. Причина за тоа е како што велат, зачестената појава на нивна "нефункционалност" во изминативе три години.

Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.

Од Агенцијата за лекови се бара и проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период.

Здружението бара итни одговори за овие прашања, кои, како што велат го тангираат здравјето и животот на над 40.000 инсулин зависни граѓани во земјава меѓу кои 450 се деца.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари