драматично предупредување :

160.000 вооружени Албанци чекаат дозвола за напад на Балканот!

Албански екстремисти се подготвени за војна. Дури 160.000 наоружани Албанци чекаат сигнал од своите ментори на Запад да тргнат во напад на Србија, Македонија...

Ова драматично предупредување е од професорот по безбедност Милан Мијалковски, ценет стручњак во областа за борба против тероризам.

Спрема негови зборови, вооружените албански екстремисти поделени се во дивизии низ Балканот.

- Албанците на овој простор имаат 160.000 луѓе кои се секогаш подготвени и со оружје. Во четири дивизии се распоредени на Косово, Македонија, на север во Грција и Црна Гора. Доколку од Запад од своите ментори добијат команда за напад, тие веднаш ќе нападнат – предупредува тој во изјава за "Спутник".

Според неговите зборови, но и од други стручњаци за безбедност, Албанците подготвуваат нови конфликти бидејќи на тој начин сакаат да спречат внатрешен дијалог за Косово кои го иницирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но и да се спречи евентуални договори на други држави со САД кои не се во концепт на Голема Албанија.

Приштина е, тврдат упатени, во голем страв затоа што Запад набрзо би можел да прифати некои опции кои официјален Белград би ги ставил на маса, со што на секој можен начин ќе пробаат да ги спречат.

Мирко Ѓуриќ, директор на Канцеларија за Косово, вели, дека не е тајна и дека постојат оние кои би сакале во регионот повторно да избие војна.

- Искуството кое го имавме во минатото не учат дека екстремизми од различен вид не се измислена закана. Србија ќе стори се за тешко воспоставениот мир на Балканот да биде зачуван од оние кои би се впуштиле во дестабилизација на регионот вели Ѓуриќ.

Александар Павиќ, аналитичар на руски Фонд за стратешка култура, вели дека предупредувањата на експертите треба сериозно да се сфатат.

- Проценката на професорот Мијалковски мора најсериозно да се сфати дека Албанците се "топовско месо" за евроатланска интеграција во регионот. Нивна задача е да го оневозможат руското и кинеското влијание, но и да дестабилизираат Балканот. Најдобар начин за тоа е хаос, ширење нарко-мафијашки мрежи и "Голема Албанија", вели Павиќ

Теренот се подготвува за предавство, во кое сакаат да ги вовлечат сите од регионот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари