ПРИЛЕП

14 милиони евра инвестиции на ЈКП „Водовод и канализација" за 12 години

Од февруари 2012 година во просториите на Водомерната работилница е пуштен во употреба нов апарат марка ЦМЦ наменет за верификација на водомери. Вредноста на оваа инвестиција е 5.744.240 денари

Во периодот од 2011-2016 година е изградена нова водоводна мрежа долга 40 км, со сопствени средсрва, инвестиција од 54.993.625 денари или околу 900.000 евра, а изградивме и канализациони линии во должина од 2 км, инвестиција од 4.695.576 денари или околу 76.000 евра.

Во 2013 година се поставија електромагнетни мерачи за пратење на проток на старите градски извори и преливната цевка кон Вештачкото езеро, се изработи студија и основен проект за високата зона од градот, се набави патничко возило за потребите на ЈКП ВиК, се реконструираше фекална канализација на ул. „Сотка Ѓорѓиоски", се изгради атмосферска канализација на ул. „Александар Македонски", се поставија бетонски цевки од атмосферска канализација на ул. „Ножот", се постави хидрофор за водомерна работилница, се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „А. Македонски" кај ф-ка Енергоинвест, „Пане Талески", „Мукос", „Раде Иваноски", „Ѓорѓи Димитров" и „Трајко Николоски", се набави опрема за радиско читање на водомери, се изврши реконструкција на пумпна станица за населено место Селце со поставување на систем за управување и мониторинг- SCADA...

Во 2015 година се изгради водоводна мрежа во село Старо Лагово, Млекара, улиците „Ѓорѓи Сугарев", „Трајко Николоски", „Димо Наредникот", „Васко Карангелески-Илка Присаѓанка", и „Савска", а се изгради и канализациона мрежа на улиците : „Димо Наредникот-Бул. Г. Делчев" и „Бул. Гоце Делчев" позади хотел „Липа", се изработи регулациона шахта за високата зона во Точила.
Во 2016 година се реализираа се набавија машини за пробивање канализациони цевки под висок притисок, се надогради SCADA системот.

Во периодот од 2009 до 2016 година реализирани се проекти приближно во висина од 130.502.000 односно приближно 2.121.984 евра од сопствени средства на јкп вик Прилеп. збирно за овие 12 години јкп „водовод и канализација" прилеп има инвестирано околу 14 милиони евра, средства од различни извори.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари