Нема врска со оргазмот

Зошто жените испуштаат гласни звуци за време на сексот?

Истражувачите откриле дека повеќето од нив произведуваат звуци во кревет, но не мора да значи дека тоа се случува само додека доживуваат оргазам.

Истражувачите откриле дека повеќето од нив произведуваат звуци во кревет, но не мора да значи дека тоа се случува само додека доживуваат оргазам.

Сè што треба да направите е да погледнете снимка од било кој женски оргазам во филмовите за да добиете идеја како жената „би требало" да реагира за време на сексот. Од хитот „Кога Хари ја сретна Сали", до серијата „Сексот и градот", жените во занесот на страста гласно го откриваат своето задоволство.

Меѓутоа, дали тоа е само кинематографски приказ или навистина постои нешто важно во гласниот секс? Токму тоа го анализирале експертите, а во 2011 година еден тим научници од Универзитетот Ланкашир издале истражување на таа тема, технички позната под името „копулаторна вокализација". Во студијата биле испитани 71 жена на возраст од 18 до 48 години за деталите за нивното „огласување" за време на сексот.

Откриле дека повеќето жени произведуваат звуци во креветот, но не мора да значи дека тоа се случува само додека доживуваат оргазам. Наместо тоа, 66 отсто од нив признале дека испуштаат секси звуци за да го забрзаат оргазмот на партнерот, додека 87 отсто од жените го прават тоа за да се чувствуваат посекси и посамоуверено.

Додека женските оргазми најчесто се доживуваат за време на предиграта, копулаторната вокализација е на највисоко ниво пред и симултано со оргазмот на мажот", заклучиле истражувачите. Освен тоа, додаваат дека жените „уфрлаат" звуци за да ја намалат „здодевноста" во креветот.

Дали жените испуштаат звуци само поради мажите?

Не постојат толку многу истражувања на оваа тема, но преку медиумите сме бомбардирани со идејата дека испуштањето на звуци е поврзано со оргазмот и добриот секс", вели научничката Кристен Марк од Универзитетот Индијана. Затоа, испуштањето на звуци за време на сексот е прилично мудра стратегија на глумење оргазам, а всушност нема ништо мудро во тоа.

Ако испуштате звуци, на партнерот му давате до знаење дека сè прави како што треба, а тоа очигледно не е така", вели авторката и т.н. сексуална едукаторка Пети Бризбен, која ги советува жените да се користат со секси звуци само кога нешто навистина е добро, а не за да се прикрие она што не чини, за што побрзо да заврши.

Поврзани

Најнови вести

Коментари