Зошто не треба се жениш со невина девојка

Постојат некои девојки кои едноставно никогаш не би требало некој да ги ожени. Овие девојки се или премногу тешки и наметливи карактери, премногу посесивни и љубоморни или, накусо речено - Psychos!

Сепак, кога станува збор за тоа за какви девојки би сакале да оженат, мажите се неопределени. Некои мажи, дури и денес, сакаат девојките да ги запознаат додека се девици, и како такви да ги оженат. Единтвената придобивка, предност од ова е што егото на идниот маж ќе биде задоволено дека таа не допрела друг маж, или барем не го допирала и не го правела она што него го плаши - со некој друг. Но, дали его трипот на идниот сопруг размислил како таа ќе се однесува во животот кога ќе знае дека тој имал бивши, а таа немала никого... Како ќе се снајде во првите искуства со маж, комбинирани со први искуства во бракот, односи со неговите роднини и пријатели... За овие, а вакви и други дилиеми станува збор.

Додека од една страна невината девојка може да звучи егзотично, бидејќи ќе и бидете прв (а можеби и последен) маж кој ја одвлечкал за секс во кревет, од друга страна невиноста со себе носи еден куп непријатности.

Невиноста е многу чувствителна тема и ставовите на мажите по ова прашање се дота поделени. Едни сметаат дека е секогаш подобро да имате жена која знае што сака во креветот, додека од другите се возбудуваат на идејата дека тие се единствени и неприкосновени љубовници во животот на жената, бидејќи таа не знае за други.

Без разлика дали сте член на едната или другата страна, постојат неколку работи кои треба да ги знаете, а кои се однесуваат за жените кои никогаш не пробале некој во креветот, пред вас. Колку е, всушност, паметно да се впуштите во целата приказна и што можете да очекувате од една девица.? Обратете внимание на следните работи.

Дали девицата, порано или подоцна, ќе посака да го надополни пропуштеното?

Факт е дека девиците се неискусни, дека сеуште не се опуштени и дека порано или подоцна ќе сакаат да се обидат со други мажи. Исто така е познат фактот дека жената доста силно се врзува за оној кој и бил прв, бидејќи добила чувство дека тој е нешто посебно и дека засекогаш ќе биде покрај неа. Особено ако не ја изгубила невиноста на некоја забава, по случаен избор, туку го направила тоа со момче во кое била заљубена.

Можеби чувството дека ќе бидете првиот е интересно, но токму тоа може да ви предизвика голем број на проблеми, кои можат сериозно да ви го загорчат животот. Првиот проблем ќе биде тоа што ќе посака да се обиде со уште неколку мажи. Ќе ја скокотка помислата како изгледа да водиш љубов со друг маж, особено по одредено време кога и станува малку досадно. Се разбира, тоа не важи за сите, но поголема е веројатноста дека тоа ќе и се случи на девицата, отколку на искусната жена која сака да се смири, бидејќи и здодеало да скока од кревет во кревет.

Дали искусната жена е подобар избор?

Според оваа логика, секако дека е подобар избор. За вас подобро доколку сте со жена која зад себе има неколку мажи. Таа веќе се "издувала" и повеќе не ја интересира како би изгледало да легне во постелата на друг маж. Таа веќе знае што може да очекува и токму таква жена ќе знае дека вие сте најдобар и нема да "шета" наоколу.

Девицата лесно ќе ја убедите дека вие сте супер љубовник, но со тек на време ќе сакате тоа да го проверите и во пракса, бидејќи теоријата повеќе нема да ја задоволува. Тогаш вие излегувате од списокот, а на ваше место доаѓаат сите останати мажи. Па доколку планирате да се впуштите во некоја невина авантура, размислете уште еднаш за сите можни последици.

Ако сеуште имате дилеми, можеби ова видео ќе ви помогне :)

Поврзани

Најнови вести

Коментари