Зорица Заева на модна писта

Зорица, сопругата на премиерот Зоран Заев, во недела ќе зачекори на модната писта во клубот ,,Индустриал'' во Струмица, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Секој декември, настанот во кој се вклучени лицата со ретки болести го организира здружението ,,Вера''. Модната ревија, која ќе стартува во 16 часот во Струмица, годинава е со наслов ,,Убави сме, свои сме'', пишува Фокус.

Зорица Заева неодамна го посети "Мое студио" на познатиот мејк-ап артист Александар Биљановски Дадар, кој ја дотера сопругата на Премиерот, која со фотографијата се пофали на социјалните мрежи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари