Најсреќниот човек на светот:

Живее со две жени, чекаат второ дете и тврди дека тоа е остварување на сонот

Британецот кој живее со две девојки, на социјалните мрежи открил дека заедно го чекаат второто дете во истата семејно-љубовна комбинација.

Британецот кој живее со две девојки, на социјалните мрежи открил дека заедно го чекаат второто дете во истата семејно-љубовна комбинација.

36-годишниот Адам Лајонс од Лондон се прославил во медиумите кои го нарекле "најсреќен жив човек", поради неговите необични љубовни комбинации со двете партнерки Брук Шед и Џејн Шалаков, пишува Independent.

Заедно живеат во Остин во Тексас, а оваа тројка веќе го има 2-годишниот син Данте, кој е биолошки син на Адам и Брук. Но, сега, бремена е Џејн. Иако за многумина ваквата животна комбинација звучи екстремно и чудно, сите инсистираат дека тројцата се повеќе од добри родители и пример за децата.

На нас оваа комбинација со три лица ни одговара, бидејќи ни овозможува подобро да ги извршуваме секојдневните задачи", објаснил Адам.

Многу наши пријатели живеат во обични врски со две лица, имаат деца, работи и други обврски. Гледам како се мачат сето тоа да го организираат. Тешко е за две лица. Но, тројца родители секогаш имаат можност еден да внимава на децата", објаснил Адам.

Кога прв пат во јавноста ги објавиле деталите од својата врска, родителите биле на мета на многу критики, но по пет години кои ги минале заедно, успешно ги демантирале сите кои рекле дека нивниот однос нема да потрае.

Поврзани

Најнови вести

Коментари