Докажано

Жените со пониско образование повеќе се сексаат

Необразованите жени повеќе се сексаат - има ли навистина врска меѓу сексот и образованието?!

Помалку образованите жени промениле повеќе мажи, отколку оние повеќе учените, е заклучокот на истражувањето кое било спроведено на Универзитетот во Колорадо. Експертите го спровеле истражувањето врз 3.684 млади девојки (22-24 години) кои се изјасниле дека се сексуално активни. Нагласено е дека времето во кое девојките ја изгубиле невиноста воопшто не им влијаело на образованието.

Жените кои спиеле со просечно 7,4 партнери во школство поминале десет или помалку години. Истовремено, жените кои спиеле со просечно 5,3 партнери зад себе имаат 15 или повеќегодишно образование.

Експертите за сега не можат со сигурност да го поврзат образованието и сексуалната активност, но сложни се дека сексуалната врска од жената бара одредена емоционална присутност, која негативно се одразува на учењето.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари