Истражувачите тврдат:

Жените изневеруваат кога се осамени!

Како што нагласуваат психолозите, жените изневеруваат тогаш кога не се емоционално исполнети, додека мажите изневеруваат тогаш кога се незадоволни од физичкиот контакт во врската.

Луѓето изневеруваат поради многу причини, но како што нагласуваат психолозите, жените изневеруваат тогаш кога не се емоционално исполнети, додека мажите изневеруваат тогаш кога се незадоволни од физичкиот контакт во врската. Истражувањата покажуваат дека жените често се одлучуваат за неверство тогаш кога се чувствуваат празно на емоционален план во врската, но и кога се чувствуваат осамено.

Мажите изневеруваат тогаш кога во врската немаат редовни сексуални односи, но и кога ќе почувствуваат дека и' се привлечни на некоја друга жена.

Бев осамена, не се чувствував поврзано со партнерот, си бевме далечни еден на друг, тогаш го изневерив", изјавила една учесничка во истражувањето.

Неверните жени нагласуваат дека од оној маж со кого го изневеруваат партнерот сакаат само да ги погледне во очи и повторно да направи да се почувствуваат посакувано.

Резултатите покажуваат дека жените се посклони кон тоа да се вљубат во личноста со која го изневеруваат партнерот отколку мажите. Се покажало дека поголем процент од неверните жени се оние чии мајки исто така биле неверни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари