Денес е Светол четврток

Замислете желба ќе ви се оствари

Денеска е Светол четврток - посакајте неостварена желба и ќе ви се исполни

Денешниот ден во Светлата недела после Велигден во народот се нарекува Светол или Зелен четврток. Инаку, Белата, Светла или Велигденска недела се смета за непрекинат ден на Велигден. Затоа секој ден има богослужби, исто како на Велигден.

Четврток, инаку, важи за баксуз-ден, секој освен овој.

Светлиот четврток е единствен кој по традиција се смета за среќен. Се верува дека на овој ден, сите места каде што живеат нечесните сили се затворени, дека по земјата одат добрите божества, па поради тоа и на луѓето денеска добро им оди. Овој ден треба да се започне работа, посебно онаа која вообичаено не ви оди од рака. Исто така, треба да се упати молба за неостварена желба и таа ќе се исполни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари