Лесен и едноставен рецепт за подготовка

За совршено црвени и блескави бакнежи: Направете сами сјај за усни

Доста ви е од скапите сјаеви за усни и сакате поевтина верзија која можете да ја направите сами дома? Ние имаме одличен рецепт!

Доста ви е од скапите сјаеви за усни и сакате поевтина верзија која можете да ја направите сами дома? Ние имаме одличен рецепт! Сите состојки се природни и лесно достапни. Потребни ви се: бадемово масло. мед и брусници кои на вашите усни ќе им дадат неодолива црвена боја. За овој совршен овошен сјај потребни ви се само десетина минути.

Состојки:

- 1 мала лажичка бадемово масло
- 10 плодови брусница
- 1 мала лажичка мед

Постапка:

Помешајте ги сите состојки и ставете ги на оган отприлика пет минути додека смесата почне да врие. Притоа, цело време мешајте, а кога смесата ќе стане кашеста – тргнете ја од оган. Пред да се излади сосема, истурете ја во кутиче во кое ќе ја чувате и оставете ја да отстои извесно време.

Најнови вести

Коментари