Кавадарчанец

За 4 години спиев со 23 девојки во студентски дом во Скопје

Животот многу пати ми мавнал шлаканица и тоа онака баш да боли и пече. Болка која и ден денес ја чувствувам иако од кога ми била нанесена поминало многу време. Некој, по правило на клише, ќе рече дека времето лечи се, јас би рекол само дека времето ги избледнува спомените, но не ги уништува. Пред десетина години ја имав можноста да студирам во главниот град на Македонија, некогаш најубавиот град, Скопје.

Бев успешен студент на факултет, а и денес како градежен инженер. Но покрај студирањето доволно посветував време и на забавите и журките кои се организираа по студентските домови. Денес не знам како е во студентските, но тогаш беше многу поопуштено и се дишеше во друг дух и динамика.

Сигурно некој ќе си рече зошто го раскажувам сето ова кое се случувало пред десетина години. Сето тоа е од една проста причина, денес сум родител и јас утре ќе имам дете кое ќе живее во студентски дом. Некогаш излегувањето со девојка (на пијано) за само една ноќ ми било фетиш, но од денешна гледна точка и не е толку многу убава слика. Најтешко е да зборуваш сам за себе, но јас и еден другар, подоцна цимер, важевме за едни од најголемите фраери во тоа време во студентскиот дом во кој живеевме. Не можам никогаш да ја заборавам онаа ноќ кога со другар ми заглавивме во соба со три девојки. Цела ноќ имавме секс и мазење, а алкохолот се чувствуваше насекаде околу нос. Таа ноќ некој да ме прашал како сум се викал со сигурност тврдам дека не би знаел да му кажам. Ова е само една од тие луди ноќи од моето студирање. И по десет години паметам дека за време на студирањето сум спиел со 23 девојки, бидејќи со другар ми стававме, условно кажано, цртки кој со колку девојки ќе легне. Тешко е да се биде искрен и затоа многу детали нема да кажам, тешко ми е, но ако некој повозрасен го чита овој, а праќа дете во Скопје или на друго место во студентски да живее треба да знае на кои се опасности може да биде изложено.

Поврзани

Најнови вести

Коментари