ВОЗАЧИ: Комплетен список на зимска опрема која мора да ја имате

Од денес, среда, 15 ноември стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Во продолжение следуваат сообраќајните правила кои мора да ги почитувате, казните ако не ги почитувате и што се мора да имате во возилата од утре.

Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Што се подразбира под зимска опрема во возилата?

Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 mm) или пневматици солетенпрофил на ситетркала со длабочи на на шарите на слојот што гази, минимум одчетири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4),подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина нашарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици солетенпрофил на сите тркала со длабочи на нашарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm). Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклопливпогон, синџири за снег треба да има најмалку напостојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg,подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите наслојот што гази, пообем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици солетен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини неможат да постават синџири за снег напо гонските тркала, потребно е да имаа тзимски пневматици на погонските тркала, и: -прираченалат – лопата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари