Волк влегол во дворот на основно училиште во Ресен (видео)

Во текот на вечерните часови, во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен, на само 200-300 метри од плоштадот во Ресен, група на случајни минувачи забележале волк, велат очевидци за News24.mk

Како што дознаваме, пријавено е до надлежните институции за случајот и веќе се работи на расчистување на случајот како и утврдување на причините како диво животно волк се нашло во тоа време во градското подрачје на градот Ресен.

Коментарите од сведоците за News24.mk се дека најверојатно се работи за болен волк или отруен со некој отров и залутал во градот Ресен.

Диво животно да залута во населено место не е прв случај, а се надеваме дека ќе биде и последен и дека ќе нема посериозни последици.

Во продолжение видео снимката која што беше испратена до редакцијата на News24.mk.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари