Витамински терминатор - елиминира грип, настинка, кивавица! Нема појак!

Наглите промени на температурите на кои сме изложени овие денови оставаат трага и на нашето здравје. Особено се засегнати луѓето чијшто имунитет е значително ослабен поради забрзаниот ритам на живот и стресот. За да го зајакнете организмот на природен и здрав начин ви го претставуваме витаминскиот терминатор, кој ги фрла на колена и најотпорните вируси и бактерии.

Супата од лук, ѓумбир, црн пипер, кромид и уште неколку чудотворни состојки го јакне организмот, го подига имунитетот, ја храни секоја клетка и нѐ прави отпорни на сите вируси и бактерии во воздухот.

Потребни состојки:

3 l вода 2-3 чешниња лук 1-2 лажици ѓумбир (свеж, ситно сечкан или рендан) 1 лажица црн пипер 2 моркови (нелупени, пресечени на половина) 1 шолја лист од целер ¼ кромид 1 поголемо гранче рузмарин 1 лажица мајчина душичка 1 лажица жалфија сок од половина лимон

Подготовка:

Ставете ги сите состојки (освен сокот од лимон) во експрес лонец. Оставете ја смесата да се вари додека не проврие, а потоа оставете го да се крчка на тивко околу еден час. Процедете ја течноста во друго тенџере. Истискајте го убаво зеленчукот за да го испушти сиот сок. Не фрлајте го зеленчукот – можете да го искористите за друга супа или да го ставите во некое јадење. Бистрата супа, витаминскиот терминатор, можете да ја јадете со сок од половина лимон откако ќе се излади.

Поврзани

Најнови вести

Коментари