(Видео) Спречена голема несреќа: Камион на автопат во Риека се движел на две тркала поради силен ветер

Камион со полски регистрации за малку ќе излеташе од патот во Риека поради силниот ветер.

На видеото објавено на Фејсбук може да се види дека камионот попушта пред силниот ветер и на моменти се движи само на две тркала. На видеото се гледа дека возачот одвај успева да ја задржи насоката на движење.

Откако возачот забележа голема опасност од ветерот, реши да го забави движењето со што спречи да се случи несреќа.

Како што јавуваат хрватските медиумни, на овој дел од автопатот имало забрана за движење на возила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари