(Видео) „Гугл“ ви овозможува да го пронајдете својот двојник во музеите

„Гугл“ веќе неколку години работи на различни проекти поврзани со уметноста. Меѓу нив е и виртуелното надгледување на уметнички дела во музеите ширум светот, но и интересната платформа наречена Google Arts & Culture, со која преку споредување на илјадници портрети и автопортрети можете да го најдете вашиот двојник во некоја од светските музејски колекции.

За неколку дена, колку што е платформата достапна, корисниците направиле над 30 милиони селфи фотографии и истражени се неколку илјади уметнички дела.

Принципот е едноставен. Ја инсталирате апликацијата на вашиот телефон, правите селфи и оставете алгоритмите да ја завршат својата работа. Тие го споредуваат вашето лице со илјадници портрети и ви покажуваат на кои од нив најмногу личите.

Во проектот се вклучени над 1.500 музеи од повеќе од 70 земји, а ако сакате да ја испробате оваа функција, можете да ја преземете апликацијата за iOS или Андроид.

„Гугл“ истакнува дека не мора да се грижите за приватноста бидејќи нема да ги чуваат вашите селфи фотографии во бази на податоци. Проектот е дизајниран исклучиво за забава, истакнуваат оттаму.

Во продолжение, погледнете некои од најинтересните примери кои се појавија на интернет.

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) on

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари