(Видео) Езеро под површината на морето кое е смртоносно за живиот свет

Во Мексиканскиот Залив, во близина на брегот на Њу Орлеанс, на речиси еден километар под површината на морето, постои езеро. Таинственото езеро од страна на нуркачите е наречено „џакузи на очајот“ бидејќи тоа ги убива речиси сите суштества кои имаaт несреќа да нурнат во него.

Имено, водата во ова езеро е петпати посолена од морска вода и содржи висока концентрација на метан и водород сулфид поради што не се меша со морската вода која го опкружува.

Ваквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови можат да преживеат само некои бактерии, ракчиња и црви.

„Ова е една од најневеројатните работи кои се пронаједени во морските длабочини. На дното на океанот да има езеро и реката која тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет“, вели Ерик Кордес, професор по биологија на универзитетот „Темпл“ кој го открил езерото.

Дијаметарот на ова езеро е триесет метри, а длабоко е три и пол метри. Подводниот гребен е опкружен со трупови на ракови, кои заталкале кон езерото во потрага по храна и огромни школки на чии жабри живеат бактерии што се хранат со метан и водород сулфид.

Ианку, истражувачкиот тим предводен од Кордес понел примероци од суштествата прилагодени за животот во такви услови.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари