(Видео) Дутерте му запеа на Трамп: Половина од ова срце ти припаѓа тебе

Претседателот Филипини, Родриго Дутерте, на изненадување на присутните на самитот АЕСАН во Манила, отпеа филипинска љубовна песна „Ти“, и тоа, како што откри, по барање на претседателот на САД, Доналд Трампа.

„Дами и господа, пеев ненајавено, по барање на врховниот командант на САД“, рече Дутерте по „настапот“.

Еден дел од текстот на песната во превод од филипински гласи: „Ти си светло на мојот свет, половина од ова срце ти припаѓа тебе“.

Дутерте пееше во дует со локалната поп-дива Пилита Коралес, пренесуваат западните медиуми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари