Ви се случува ова - телото ви е полно отрови. Преземете нешто

Во човечкиот организам секојдневно се таложат отрови. Ги внесуваме преку исхраната, дури и преку воздухот, а ги има толку, затоа што организмот не може самиот да ги исфрли поради неправилната исхрана и недоволната физичка активност

За да дознаете во каква состојба е вашиот организам, доволно е само да го слушнете своето тело и да обрнете внимание на знаците кои секојдневно ви ги испраќа, а кои воопшто не ги забележувате и не ги сметате за предупредувачки.

Овие четири аларми се најчестите кои ви укажуваат дека вашето тело е преполно со отрови од кои треба што поскоро да се ослободите.

1. Физиолошките потреби

Ако почнете почесто да одите во тоалет, значи дека вашето тело е полно со токсини. Сепак, ова не треба да ве исплаши, зашто на тој начин се исфрлаат. Кога не би било така, би се враќале во крвотокот и можат да направат големи проблеми, па затоа оние кои имаат проблеми со столицата, треба да пијат повеќе вода, чаеви и пробиотици за да осигураат празнење на цревата барем еднаш во денот.

2. Лошиот здив

Лошиот здив не е само нешто што може да ви го расипе состанокот с потенцијален партнер, тој исто така може да биде показател колку токсини има во вашиот организам. Лошиот здив од устата може да се создаде поради бактерии, но може да биде знак дека црниот дроб или цревата имаат проблем со исфрлањето на отровите. Користете четка за јазик за да ги елиминирате бактериите кои го прекриваат јазикот, а можете да џвакате и свежи билки, магдонос или коријандер, кои се фантастични детоксификатори на црниот дроб.

3. Ви пречат мириси

Ако имате изразени реакции на мириси од парфеми или од чад, можеби станува збори за реакција што ја предизвикуваат токсините во вашето тело. Многу пати стануваме пречувствителни на мириси ако црниот дроб има проблем со елиминирањето на отровите од телото. Кога се затворени патиштата за чистење на организмот, телото го чувствува тоа, па сетилата стануваат изострени и можат да предизвикаат главоболка или мачнини. Помогнете му на црниот дроб со чај од глуварче или од корен од глуварче, или пак со рицинус.

4. Вишок на килограми од кој не можете да се ослободите

Постојат многу причини зошто телото пружа отпор во губењето на килограмите. Збеснати хормони, неправилна исхрана и секако токсини. Диоксините, ПЦБ и многу пестициди се липофилни, што значи дека во нашите тела се соединуваат со мастите. Кога телото е преоптоварено си нив, може да биде невозможно да се намали тежината.

Клучно е да се погрижите правилно да ги исфрлате отровите. Тоа значи да ја подобрите природната способност на телото да го стори тоа и да ја пронајде својата рамнотежа. Начините за детоксификација помагаат, но најважно е да ја намалите изложеноста на отрови.

Секогаш кога можете избирајте чиста, органска храна и погрижете се добро да се испотите, не стискајте се кога ви се оди по голема нужда, хидрирајте го организмот и дишете квалитетно секој ден.

Поврзани

Најнови вести

Коментари