Ви се допаѓаат двајца во исто време?! Има решение...

Па колку и да е болно понекогаш сите девојки се пронашле меѓу две момчиња кои емотивно ве привлекуваат.

Па колку и да е болно понекогаш сите девојки се пронашле меѓу две момчиња кои емотивно ве привлекуваат.

Како да ја донесете одлуката?

Проценете ги вашите чувства!

Еден од најдобрите начини да одберете помеѓу две момчиња кои ве привлекуваат е да ги процените своите чувства. Размислете дали во друштво на едниот постојано имате чувство дека не сте во право, а додека пак со другиот едвај го чекате почетокот на состанокот? Кој од нив прави да се чувствувате сигурна?

Знаете како велат „Не е толку важно колку ви се допаѓа со кого сте во врска, туку колку ви се допаѓа личноста која станувате кога сте со него".

Направете листа со маани и доблести!

Можеби ви звучи лудо на прв поглед, но навистина ќе ви биде од корист во донесување на одлуката ако направите листа "за" и "против".

Ова нема да биде едноставен избор, па одлуката да падне на тој со повеќе доблести според вас, но сепак ќе ви помогне подлабоко да погледнете во врската со секој од нив.

Дадете си простор!

Оддалечете се од двете момчиња за кои имате чувства на некое време и наскоро ќе започнете да чувствувате чудна појава – дека едниот ви недостига повеќе од другиот. Кога телефонот ќе заѕвони кој мечтаете да биде?

Размислете насамо што сакате без некој од нив да ви пречи или да ви го поматува умот.

Не се притискајте!

Без разлика колку многу сакате да донесете одлука не смеете да се притискате на тоа, само ќе ја влошите ситуацијата. Голем чекор кон правење на изборот е да се ослободите од вината.

Кога имате чувства и за двајцата сигурно не сакате да ги повредите, а помислата дека ќе го изберете едниот ви ја носи и помислата дека ќе го повредите другиот. Со тоа не е лесно да се справите, но дишете длабоко и донесете одлука со чист ум.

Не им дозволувајте да ве притискаат!

Кога едното момче ќе дознае дека ви се допаѓа и некој друг веднаш го фаќа паника иако не забележувате. Не дозволувајте му да ве притиска да донесете одлука, па дури и да ви врши притисок тоа не значи дека по автоматизам треба да го изберете другиот.

Ако не може да се справи со чекањето тоа е негова одлука, но не треба да дозволите да ви создава дополнителни грижи со притисок и ултиматуми.

Чувствата доаѓаат кога тие сакаат, нема да заминат само затоа што вие така сакате и понекогаш ќе ве прават збунети зошто воопшто се таму. Затоа не мислете дека и вие никогаш нема да се пронајдете во ваква ситуација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари