Хорор

Ве-це шолјата им била затната неколку дена, останале подзинати од причината

Замислете ситуација во која одите во тоалет, а таму во вас зјапа огромен питон. Токму тоа му се случило на еден 5-годишник од Саутенд

Веднаш ја повикал мајка си, која пак повикала стручњаци за змии. Тие набрзина ја извадиле змијата од школката и процениле дека питонот е малку зашеметен, но брзо ќе се опорави.

"Шолјата ни беше запишена неколку дена, а јас не знаев зошто", рекла Лаура Ковел, сопственичката на куќата. Питонот по вадењето бил видно потресен, а стручњаците за домашни миленици откриле дека ова им е прв ваков случај.

Кралските питони не се баш социјални, но доколку се навикнат на својот сопственик со нив може да се "ракува" без поголеми потешкотии. Потребно е да се нагласи дека можат да бидат и агресивни доколку сметаат дека им е загрозена територијата. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари