Приказна која ќе ве мотивира

Вања е херој, дури четири пати успеала да го победи ракот!

29 - годишната Вања дури четири пати успеала да го победи ракот, а нејзината приказна ќе ве мотивира, а истовремено и ќе ви ги насолзи очите.

29 - годишната Вања дури четири пати успеала да го победи ракот, а нејзината приказна ќе ве мотивира, а истовремено и ќе ви ги насолзи очите.  

Наутро се будам и јадам по една банана затоа што сум премногу мрзелива за да си подготвам нормален појадок. Пијам седум лекови. Тоа ми е рутина. Не ги заборавам никогаш затоа што доколку прескокнам само еден, постои можност да не ја доживеам вечерната терапија. Не гледам на тоа како на некоја голема трагедија. Многу полошо сценарио би било да не можам да дојдам до тие лекови", вели таа.

По сознанието дека туморот се вселил во мојот мозок и дека постои голема веројатност тука и да остане, решив малку подобро се запознаам со него, па некако беше очекувано повторно да проработи антропоморфистичкиот порив", објаснува Вања.

По овој тумор, се појавија уште два. Еден на вратот и другиот под реброто. Морав на хемотерапија. Три месеци.

Хемотерапијата ме скрши. Не ми пречеше толку што ми падна косата. Ни килажата, која постојано варираше. Мачнините, сепак, беа најгрозни.

По неколку контроли, се покажа дека во мојот организам нема ни трага од тумор, конечно се опуштив. И веќе следниот месец отидов со пријателките на море.

Не ми беше многу грижа за додадените килограми. Облеков бикини, и тоа црвено. Уживав во секој бран што ми ги допираше стапалата. Следната година запознав момче со кое денеска планирам да оформам семејство.

Не е лесно да се намести Рубиковата коцка, но зависи од талентот што го имаш. А ако го немаш, мораш малку повеќе да се потрудиш. Но, не да се откажеш, тоа не е кул.

Поминаа три години откако оздравев. И сега имам насмевка. И тогаш ја имав. И пред сите с**ња кои се случија.

Само денеска многу повеќе уживам во секој залак на палачинка со џем. Многу лесно ги откачувам оние познаници чие друштво не ми годи и не се трудам да им се допаднам на сите. Среќна сум за себе, а не за другите. Да го знаев сето тоа и претходно, можеби не би била каде што сум", ја завршува приказната Вања.

Нејзината приказна на сите треба да им биде поука како треба да се бориме, и кога ќе ни кажат дека е неизлечиво, треба да се бара решение и да не се предаваме. Ракот, сепак, е излечив за оние кои се борат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари